Државата сопственик на 80 отсто од капиталот на Тутунски комбинат

Bez autora
Aug 28 2012

Прилепскиот Тутунски Комбинат веќе нема обврски кон државата. Согласно со законот за претворање на побарувањата од државата во траен влог, обврските на комбинатот по основ на даноци и придонеси во висина од 32 милиона евра, сега се државен капитал. Вака одлучија акционерите на комбинатот на вонредно собрание. Капиталот на Тутунскиот комбинат со новата емисија акции и зголемување на основната главница ќе биде вкупно 126. 916. 061 евра. Акционерскиот капитал што го поседуваат сегашните, поранешните вработени и пензионерите останува непроменет. Од 1995 година вредноста на акциите на акционерите била 14.401.735 евра. И со оваа трета емисија и со преземањето на побарувањата, вредноста на акционерскиот капитал останува иста.

Државата сопственик на 80 отсто од капиталот на Тутунски комбинатПрилепскиот Тутунски Комбинат веќе нема обврски кон државата. Согласно со законот за претворање на побарувањата од државата во траен влог, обврските на комбинатот по основ на даноци и придонеси во висина од 32 милиона евра, сега се државен капитал. Вака одлучија акционерите на комбинатот на вонредно собрание.

„Капиталот на Тутунскиот комбинат со новата емисија акции и зголемување на основната главница ќе биде вкупно 126. 916. 061 евра. Акционерскиот капитал што го поседуваат сегашните, поранешните вработени и пензионерите останува непроменет“, вели Гоце Тодороски, претседавач на вонредното собрание.

Од 1995 година вредноста на акциите на акционерите била 14.401.735 евра. И со оваа трета емисија и со преземањето на побарувањата, вредноста на акционерскиот капитал останува иста.

„Бројот на акциите на акционерите останува ист. Тие поседуваат 281.669 акции. Но, со зголемување на основната главница и конверзијата, се променува процентуалното учеството на нивниот капитал во вкупниот капитал на компанијата, од поранешните 15 на 11,35 отсто. Државата сега е сопственик на 79,49 отсто акции во вредност од 100.888.335 евра“, вели Тодороски.

Но, за прилепските социјалдемократи оваа конверзија на обврските на Комбинатот во траен влог на државата е само ново осиромашување на акционерите и отворање пат за продажба на компанијата на луѓе блиски на владеачката партија.

„Порано акционерите беа сопственици на 55 проценти од капиталот, а сега тие располагаат само со 10 отсто од имотот на Комбинатот. Тоа е резултат на менаџирањето на редица директори кои во последните 6 години ги постави токму Никола Груевски, а со амин на градоначалникот Марјан Ристески. Тие направија загуби во висина од повеќе од 70 милиони евра, а имаа плата повеќе од 700.000 евра и во време на криза купуваа автомобили од 200.000 евра“, обвини Илија Јованоски, лидер на прилепските социјалдемократи.

Акционерите, пак, претежно пензионирни работници очекуваат дека наскоро компанијата ќе биде продадена на стратегиски партнер, кој ќе ги купи и нивните акции по номинална вредност од над 50 евра.

„Очекуваме дека ќе заработиме нешто, дека ќе земеме одредена сума пари и да им помогнеме да децата кои чекаат од нас и ги гледаат фамилиите од нашата пензија. Се виде дека ништо не бидува. Не е добро да се продава комбинатот, од свое да правиш туѓо, но, кога работата дошла до тука, подобро да си го земеме сите и оној мал дел што ни припаѓа за годините напорна работа во оваа фирма. Се сеќаваме како се песна и со смеа одевме на работа и се дружевме. Од тоа денеска не остана ништо, сега вработените се плашат дали ќе останат на работа. Како и да биде, нека се избере најдоброто решение за сите, најмногу за сегашните вработени. Нека внимава државата овие луѓе да не останат на улица“, порачаа поранешни работници, дел од актуелните акционери пред почетокот на акционерското собрание.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik